Wednesday, May 9, 2018

Анализа на лик (Антигона)

    Антигона е главниот лик во истоимената драма на писателот Софокле. Таа е ќерка на родители мајка и син која не може да има среќна судбина. Живее во антички период во кој судбината на некој човек е одлучувана од страна на боговите.
    Антигона има сестра Исмена со која заедно живее. Тие се две деца од вкупно четири на нејзините родители - двата браќа, по смрта на својот татко, се погубиле за кој да застане на тронот. Исмена и помага на својата сестра најмногу што може - дури и до степен да си го ризикува животот. Антигона ги почитува законите на боговите, но не се плаши од смртната казна на императорот, дури и да е грешно обвинета.
    Антигона е еден од најцврстите и најпожртвувани ликови опишани во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.