Sunday, April 15, 2018

"Чорбаџи Теодос"- Васил Иљоски (опис на чорбаџи Теодос)

Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го поцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара. Теодос е претставник на власта и парите. Сите ги гледа од високо, со понижување, потценување и ароганција (и жена си и сина си). Тој е жртва на сопствените предрасуди и фрустрации (другите особини: претераната педантност, прецизност и сл. се опишани погоре во текстот).