Значи, заклучивме дека сум против мрзата. Во предходниот параграф кажав дека мрзата те убива ментално и физички. Епа, еве како е тоа: те мрзи да збориш, те мрзи да станеш да земеш вода, да искочиш малку надвор итн. Ако си мрзелив само едно исто правиш цел ден. Така повеќето луѓе би збудалеле за секунда. Кај некои луѓе не е така ама и кај нив понекогаш им доаѓа преку глава од мрзата.
Друга работа, нема да имаш успех ако си мрзелив. Ако си мрзелив, нема да сакаш да работиш па така кога ке те избркаат ке ја чешаш главата и ке се прашаш "Зошто ме избркаа"? Па, нека ти текне кој владее повеќе со мозокот- ти или мрзата? Потоа, никој нема да сака да соработува со тебе кога знае колку си мрзелив.
Една од најглупите работи кај луѓето кои се мрзеливи е тоа што им стануваат досадни на други луѓе. Почнуваат да ги нервираат со тоа што постојано им бараат нешто да ги служат, постојано се жалат итн.
Тоа е што прави мрзата врз животот на луѓето. Не е добро да си мрзелив, ама, нели понекогаш е интересно да откачиш се друго што ти е во умот и само да си легнеш, да гледаш телевизија,...
Тоа е што прави мрзата врз животот на луѓето. Не е добро да си мрзелив, ама, нели понекогаш е интересно да откачиш се друго што ти е во умот и само да си легнеш, да гледаш телевизија,...