Monday, January 1, 2018

Лектира бр. 7: "Галебот Џонатан Ливингстон"- Ричард Бах

Идеја: Сите имаме право на слобода без некој да ни пречи и без да повредиме некого.

"Она што не го сакаш за себе не го мисли на другиот"

    Со оваа поговорка се мисли дека сите живи суштества имаат право на живот каков што сакаат и слобода, но треба да внимаваат да не повредат некого.
    Секој има право да прави што сака, меѓутоа треба да внимава да не повреди никого правејќи го тоа.
    Во животот човекот се сретнува со разни ситуации во кои не смее да ги заборави границите на пристојното однесување.
    Секој од нас се труди животот да си го направи посреќен, подобар и не е лошо ако сме во можност да помогнеме и на другите луѓе во тоа.
    Кога се чувствуваме слободни, без ничиј притисок, можеме повеќе да создаваме, твориме, да ги исполнуваме своите обврски и желби како што треба.