Во лектирата "Времеплов" од Х.Џ.Велс има голем број на судири и проблеми. Мојата задача по македонски јазик беше да ги пронајдам проблемите во 12-те глави од лектирата. Проблемите беа прилично лесни за наоѓање, но тешки за решавање. Мислам дека задачата ја решив правилно како што треба. Кај некои настани ми беше потешко да ги најдам проблемите, но се снајдов. За сега, толку од мене.
Sunday, February 26, 2017
Saturday, February 11, 2017
Дали времето во коешто живеам е најдобро за мојата генерација?
Јас мислам дека времето во кое живееам има свои добри и лоши страни. На
пример доброто во денешницата е постоењето на достапни компјутери и интернет
така да имаме брз пристап до сите потребни информации. Лошото од ова е тоа што
претеравме со нивната употреба (на компјутерите). По кажувањата на моите
родители голем дел од слободното време го поминувале дружејќи се со другарите
надвор, додека сега се случува да бидеме “презафатени” играјќи некоја игра па да не излеземе.
Актуелна тема овие денови е големото загадување. Можеби и порано било
загадено, но сигурно не толку колку денес. Меѓутоа фабриките кои ни го прават
ова загадување пак отвараат работни места за членовите на нашите семејства, порано
исто немало толку атомобили кои загадувале, ама па не е лошо и да си имаш автомобил
наместо пеш или да чекаш автобус, поготово кога е многу студено да си влезеш во
автомобил и за час да стигнеш таму каде што си тргнал.
За музиката- денешната музика мене
лично не ми се допаѓа што е всушност работа на вкус, меѓутоа тоа не значи дека
и целата музика од минатото била најдобра.
Порано младите имале неколку места каде се собирале пример корзо,фонтана и
сл,и таму се дружеле,се познавале меѓу себе,додека денес имаме преногу кафе
барови,ресторани,обложувалници...па оди па најди се.Па ,колку добро толку и
лошо-па и немале некој избор како денес за шетање (тоа сеуште постои во
помалите градови.
Мобилните телефони- за разлика од порано кога имало по еден фиксен телефон
во цела зграда денес мобилен телефон има секој. Тоа е добро зашто на пример
порано кога моите родители шетале нивните родители ги чекале загрижено кога ќе
се вратат, а денес моите родители во секое време можат да ми се јават и да ме
прашаат до кај сум. Лошата работа е тоа што цело време си достапен и за
пријатели и непријатели, порано лиѓето си оделе на гости за да си направат
муабет, а сега со саати ќе седат на телефон, а богзна кога ќе си седнат на кафе
да се видат.
Subscribe to:
Comments (Atom)
