Friday, December 22, 2017

Рaзвoј нa дејствoтo ("Бескрaјнa прикaзнa"- Михaил Енде)

1. Експозиција

-Сцена
  а)Време: 20-тиот век
  б)Место: Реалниот свет и светот Фантазија
-Ликови
  а)Главен лик: Бастиен Балтазар Букс е учтиво момче кое сака да чита книги и да проучува многу работи.
-Расположение: Возбудено


2. Заплет

-Судир: Детската Кралица се разболува. Единствен лек е да и се смени името.
-Расположение: Бастиен и Атреј се загрижени за состојбата на Кралицата


3. Кулминација

-Врв на чувствата: Во еден дел Бастиен и Атреј можат да се допрат, да се видат,... Тие се наоѓаат во ист свет.


4. Пресврт (перипетрија)

-Неочекуван настан: Бастиен и Атреј се здружуваат за да и најдат лек на Кралицата и за да го спасат светот Фантазија.


5. Расплет

-Разрешување: Лошото Ништо е поразено и најдено е ново име за Кралицата- Месечево Дете (Moon Child) и светот Фантазија е спасен.

Sunday, November 26, 2017

"Шагринска кожа" (Анализа на лик- Рафаел)

    Рафаел е динамичен лик. Тој е паметен и добар човек, но поради некои работи (пр. коцкањето и алкохолот), може да биде многу нестабилна личност. На тоа укажуваат првите делови од лектирата.
    Рафаел живее во некој фантастичен свет во кој се е можно. Во неговото општество се е можно, додека во моето општество се си има своја цена.
    Другите ликови (продавачот, Федора, Емил, Полина) го гледаат Рафаел како нормален човек. Тој самиот е свесен како другите го гледаат. Знае дали го сметаат за паметен човек или за припрост. Доволно е свесен за работите што ги прави, но понекогаш може да се изгуби и да не му е грижа за ништо. Свесен е во каков свет живее и знае дека многу работи можат да тргнат наопаку. Би требало овој поглед да биде реалистичен за него.
    Во реалниот свет има луѓе кои би се однесувале како Рафаел и што би посакувале многу работи.
    Рафаел е комплексен лик и сака многу работи.

Sunday, November 19, 2017

"Повик на дивината"- Џек Лондон (Анализа на лик- Бак)

    Кучето Бак е динамичен лик. Тој е добра личност која ги сака луѓето. Агресивен е само кога некој ке го нападне. Докази за тоа има во текот на целата книга.
    Бак живеел за време на "златната треска". Во неговото општество на Алјаска владее законот на посилниот, поитриот, а оној кој не го почитува тоа, ќе биде казнет, заразлика од моето општество каде сите се еднакви- и послабите и посилните. Бак другите го гледаат како најцврст, најсилен, водач итн. Тој знае и кога треба да се повлече или да нападне. Свесен е и паметен како за куче.
    Кучето Бак е комплексен, тој е верен пријател и борец за правда.


Sunday, November 5, 2017

"Панонски легенди"- Житијата и мисиите на браќата Кирил и Методиј

    „Панонски легенди“ е најстарото оригинално дело од нашата (словенската) средновековна литература. Составено е од два дела: Житие на Кирил и Житие на Методиј. Во нив е опишан животот на двајцата создавачи на словенската писменост.

Житието на Кирил:
    Свети Кирил Солунски или Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј е основоположник на словенската писменост и култура. Покрај тоа тој бил и учител, свештеник и епископ, кој поради неговата мудрост и дејност заедно со својот брат биле нарекуваат „Еднакви со Апостолите“. Тој учевствувал во три мисии: Арапска (сараценска) мисија (851год.); Хазарска мисија (860-861 год.); Моравска мисија (863 год.).

Житието на Методиј:

    Св. Методиј Солунски е сесловенски просветител и постар брат на Константин Филозоф (Кирил). Тој се замонашил на планината Олимп каде го добил името Методиј. Методиј да биде назначен за архиепископ, што според житието е сторено во 873 година. Но, судирите со германското свештенство не запираат и Методиј е постојано прогонуван. Во заклучниот дел на неговот житие е прикажан погребот на Методиј и неговата одлука пред смртта за свој наследник и продолжувач на делото да го назначи Горазд.

Thursday, October 19, 2017

"Сердарот"- Григор Прличев

  Во оваа книга "Сердарот" се збори за загинувањето на сердарот Кузман и за понатемошните последици на неговата мајка и сите селани. Ова епско дело е сместено во средината на деветнаесетиот век во Македонија во селото Река. Главни ликови во ова дело се: Кузман, мајка му Неда и Гегите, а споредни се: Марија, селаните и други.
  Неда е мајката на Кузман. Таа од секогаш била среќна и весела, но кога дознала дека синот и загинал, не можела да престане да тажи по него. Во текот на целата книга се опишуваат последиците врз Неда од смртта на својот син Кузман. Иако постојано била тажна, таа била силна и издржлива и пробувала да остане смирена, но во тоа таа не успеала. За ова докази има низ целата книга. На пример, се гледа дека е храбра и издржлива во првите неколку страни кога Кузман го носат на погреб. Таа тогаш седи на клупата и цврсто држи пушка и нестрпливо го чека синот. Но, тука се гледа и дека Неда не може да се помири со тоа дека синот и е мртов. Кога видела како Кузман го носат, таа веднаш почнала да плаче и не прекинала долго време. Тоа биле последиците врз Неда од смртта на својот син Кузман-јунакот.
  Кузман е јунакот во оваа епска творба. Тој е син на Неда која постојано тагува за него. Кузман во борба против гегите загинал. Тој од секогаш бил храбар и силен и од секогаш сакал да го брани својот народ и да ја брани својата татковина. Но, тој премногу се жртвувал и на крај загинал. Откако загинал, од почит, албанците го однеле неговото тело на мајка му Неда. Тој е голем јунак во селото Река, силен и храбар во битките. Омилен е меѓу народот бидејќи го заштитува и се жртвува за него. Тој многу ја сака и почитува мајка си. Има свршеница која се вика Марија и исто така многу ја сака. Тој бил јунак кој секогаш шетал со меч опашен околу половина, меч кој го сонувал додека бил дете, меч со кој победувал во битките. Кузман е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот.
  Во поемата "Сердарот" се споменуваат и Гегите кои се прикажани како непријатели, бездушници, убијци и крадци. Но, тие се и чувствителни и човечни бидејќи го донеле мртвото тело на Кузман да го види мајка му за последен пат. Со тоа тие ризикуваат бидејќи можат да бидат убиени од населението кое сака да се одмазди. Тие биле многу храбри и силни. Сакале да осфојуваат територии. Но, тие не се јунаци. Тие. иако го однеле мртвото тело на Кузман до неговата мајка, повторно останале лоши поради што постојано краделе од сиромашните селани и ги убивале. И покрај тоа, дел од Гегите биле мудри луѓе. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи по неговиот смртен непријател.
  Со оваа епска творба се опишува неправдата врз македонскиот народ од страна на Гегите и другите народи. Значајни мотиви во оваа книга се тиранијата и неправдата кои покажуваат какви маки претрпел македонскиот народ.

Sunday, October 8, 2017

"Илијада" прераскажана во пет пасуси

  Илијадата започнува кога во грчкиот логор доаѓа свештеникот Хрис, кој бара од војсководецот Агамемон да му ја врати грабнатата ќерка Хрисеида. Агамемон одбива да ја врати, па го налутува богот Аполон кој на негова земја предизвикува појава на чума. За да се сопре гневот на богот, ахајскиот јунак Ахил го предизвикува со меч Агамемон, но сепак ја дава својата робинка Брисеида на Агамемон, кој пак ја вратил Хрисеида на нејзиниот татко. На Ахил за одмазда му помага неговата мајка Тетида која бара помош од Зевс кој пак му праќа сон на Агамемон бо кој го поттикнува да ја нападне Троја.

  Настануваат двобои меѓу Парис и ахајскиот водач Менелај. Никој не знаел како ке се завршела оваа војна бидејќи се вмешала божицата Афродита која послала густа магла со која го завиткала Парис и го однела во одаите на Елена. По борбата боговите се собираат за да одлучат кој е победник во оваа битка. За тоа време божицата Атена го поттикнува Пиндар да стрела во Менелај, но само го ранува, а потоа настанува жестока битка меѓу двете војски.

  Битките продолжуваат. Многу ахајци лили тројанци се загинати. За тоа време Елена се обвинува зошто дошла со Парис, а истовремено Агамемон тажно ги напушта жената и синот и со Парис заминуваат на боиштето, каде Хектор ги повикува ахајските јунаци на двобој. Двобојот е меѓу него и Ајант, но тој никако да заврши, па и двете страни слават победа. Агамемон сака да се помири со Ахил, но тој одбива гледајќи ја битката од својот брод.

  Божицата Хера му се лути на Зевс, затоа го заспива, а во меѓувреме со Посејдон им помагаат на војувачите. Кога Зевс ќе се разбуди е гневен. Ахил се враќа на бојното поле за да го врати телото на својот загинат пријател Патрокле. 

  Кога Зевс ќе го види Ахил како се враќа ги повикува боговите да влезат во војна. Доаѓа до брканица помеѓу Хектор и Ахил околу Троја и тука Ахил смртно го ранува Хектор. По ова Ахил организира натпревари во чест на покојниот Патрокле. По завршување на игрите кај Ахил доаѓа кралот Пријам со дарови барајќи го телото на својот син Хектор, кое го носи во Троја која тажи за него.

Friday, March 31, 2017

Васил Иљоски

На часот по македонски јазик добивме задача да направиме проекти за некоја позната личност. Ја и мојата група (јас, Ана и Марија) добивме задача да направиме проект за Васил Иљоски. Сите тројца одговорно си ја заврсивме задачата и супер презентиравме. Да бев наставник, мојата група би си ја оценил со една голема петка.

Sunday, February 26, 2017

Лектира бр. 8 "Времеплов"- Х.Џ.Велс (судир/проблем)

Во лектирата "Времеплов" од Х.Џ.Велс има голем број на судири и проблеми. Мојата задача по македонски јазик беше да ги пронајдам проблемите во 12-те глави од лектирата. Проблемите беа прилично лесни за наоѓање, но тешки за решавање. Мислам дека задачата ја решив правилно како што треба. Кај некои настани ми беше потешко да ги најдам проблемите, но се снајдов. За сега, толку од мене.

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдобро за мојата генерација?

Јас мислам дека времето во кое живееам има свои добри и лоши страни. На пример доброто во денешницата е постоењето на достапни компјутери и интернет така да имаме брз пристап до сите потребни информации. Лошото од ова е тоа што претеравме со нивната употреба (на компјутерите). По кажувањата на моите родители голем дел од слободното време го поминувале дружејќи се со другарите надвор, додека сега се случува да бидеме презафатенииграјќи некоја игра па да не излеземе.

Актуелна тема овие денови е големото загадување. Можеби и порано било загадено, но сигурно не толку колку денес. Меѓутоа фабриките кои ни го прават ова загадување пак отвараат работни места за членовите на нашите семејства, порано исто немало толку атомобили кои загадувале, ама па не е лошо и да си имаш автомобил наместо пеш или да чекаш автобус, поготово кога е многу студено да си влезеш во автомобил и за час да стигнеш таму каде што си тргнал.

За музиката- денешната музика  мене лично не ми се допаѓа што е всушност работа на вкус, меѓутоа тоа не значи дека и целата музика од минатото била најдобра.

Порано младите имале неколку места каде се собирале пример корзо,фонтана и сл,и таму се дружеле,се познавале меѓу себе,додека денес имаме преногу кафе барови,ресторани,обложувалници...па оди па најди се.Па ,колку добро толку и лошо-па и немале некој избор како денес за шетање (тоа сеуште постои во помалите градови.


Мобилните телефони- за разлика од порано кога имало по еден фиксен телефон во цела зграда денес мобилен телефон има секој. Тоа е добро зашто на пример порано кога моите родители шетале нивните родители ги чекале загрижено кога ќе се вратат, а денес моите родители во секое време можат да ми се јават и да ме прашаат до кај сум. Лошата работа е тоа што цело време си достапен и за пријатели и непријатели, порано лиѓето си оделе на гости за да си направат муабет, а сега со саати ќе седат на телефон, а богзна кога ќе си седнат на кафе да се видат.