Антигона е главниот лик во истоимената драма на писателот Софокле. Таа е ќерка на родители мајка и син која не може да има среќна судбина. Живее во антички период во кој судбината на некој човек е одлучувана од страна на боговите.
Антигона има сестра Исмена со која заедно живее. Тие се две деца од вкупно четири на нејзините родители - двата браќа, по смрта на својот татко, се погубиле за кој да застане на тронот. Исмена и помага на својата сестра најмногу што може - дури и до степен да си го ризикува животот. Антигона ги почитува законите на боговите, но не се плаши од смртната казна на императорот, дури и да е грешно обвинета.
Антигона е еден од најцврстите и најпожртвувани ликови опишани во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.
Блогот на Филип "Фичо" Нешкоски
Wednesday, May 9, 2018
Sunday, April 15, 2018
"Чорбаџи Теодос"- Васил Иљоски (опис на чорбаџи Теодос)
Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го поцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара. Теодос е претставник на власта и парите. Сите ги гледа од високо, со понижување, потценување и ароганција (и жена си и сина си). Тој е жртва на сопствените предрасуди и фрустрации (другите особини: претераната педантност, прецизност и сл. се опишани погоре во текстот).
Tuesday, March 27, 2018
Одлично е да си мрзелив
Некои луѓе би кажале дека е одлично да си мрзелив. Јас не се согласувам со тоа иако во сите нас во денешно време владее мрзеливоста. Мислам дека мрзата е досадна сама по себе и те убива ментално и физички.
Значи, заклучивме дека сум против мрзата. Во предходниот параграф кажав дека мрзата те убива ментално и физички. Епа, еве како е тоа: те мрзи да збориш, те мрзи да станеш да земеш вода, да искочиш малку надвор итн. Ако си мрзелив само едно исто правиш цел ден. Така повеќето луѓе би збудалеле за секунда. Кај некои луѓе не е така ама и кај нив понекогаш им доаѓа преку глава од мрзата.
Друга работа, нема да имаш успех ако си мрзелив. Ако си мрзелив, нема да сакаш да работиш па така кога ке те избркаат ке ја чешаш главата и ке се прашаш "Зошто ме избркаа"? Па, нека ти текне кој владее повеќе со мозокот- ти или мрзата? Потоа, никој нема да сака да соработува со тебе кога знае колку си мрзелив.
Една од најглупите работи кај луѓето кои се мрзеливи е тоа што им стануваат досадни на други луѓе. Почнуваат да ги нервираат со тоа што постојано им бараат нешто да ги служат, постојано се жалат итн.
Тоа е што прави мрзата врз животот на луѓето. Не е добро да си мрзелив, ама, нели понекогаш е интересно да откачиш се друго што ти е во умот и само да си легнеш, да гледаш телевизија,...
Тоа е што прави мрзата врз животот на луѓето. Не е добро да си мрзелив, ама, нели понекогаш е интересно да откачиш се друго што ти е во умот и само да си легнеш, да гледаш телевизија,...
Friday, March 16, 2018
"Вујко Вања"- А.П.Чехов (ликови од драмата)
- Александар Владимирович Серебрјаков - пензиониран универзитетски професор, кој што живее на имотот од неговата прва жена
- Елена Андреевна Серебрјакова - сопруга на Серебрјаков, која има 27 години
- Софија Александровна Серебрјакова - ќерка на професорот Серебрјаков од првиот брак. Има 20-тина години и ја сметаат за помалку наивна
- Марија Василевна Војницкаја - мајка на Вања, вдовица на починатиот сопственик на селскиот посед
- Иван Петрович Војницки - 47 годишен маж, вујко на Соња и главен лик во драмата
- Михаил Лвович Астров - средовечен доктор
- Илија Илич Телегин - крепосен селанец кој живее во куќата на семејството
- Марина Тимофеевна - старата дадилка на Соња
Вујко Вања или
Иван Петровиќ Војницки е еден од неколкуте ликови во истоимениот роман на Антон
Чехов. Тој е лик околу кој се одвива дејството, човек кој има четириесет и
седум години и живее во едно руско село. Тој живее на имот од кој се откажал за
да го даде на својата сестра и со кој раководи неговиот зет. На имотот живее и
неговата внука од сестрата Соња која е единственета личност за која Војницки
се грижи.
Sunday, February 11, 2018
Лектира бр. 8 "Прва Љубов"- Иван Тургењев
1) Во "Прва Љубов" се зборува за љубовта на Владимир кон Зинаида. Тој првпат ја сретнал кога се шетал со пушка во рацете. Во текот на целото лектирно дело се опишува љубовта на Владимир, случките, сретнувањата со Зинаида итн. На крајот, откако Владимир завршил гимназија, дознава дека Зинаида починала при пораѓање.
2) По завршувањето на основното училиште, Владимир треба да се запише во гимназија. Но, пред да се запише дознава дека татко му кој бил во странство, починал. Мајката на Владимир дознава дека татко му починал од болест наречена "капка", а пред да почине оставил писмо.
По завршувањето на гимназијата, Владимир тргнал да ја бара Зинаида, но дознава дека таа починала при пораѓање. Во тој момент, се стапислам и неможел да поверува дека неговата сакана повеќе ја нема.
2) По завршувањето на основното училиште, Владимир треба да се запише во гимназија. Но, пред да се запише дознава дека татко му кој бил во странство, починал. Мајката на Владимир дознава дека татко му починал од болест наречена "капка", а пред да почине оставил писмо.
По завршувањето на гимназијата, Владимир тргнал да ја бара Зинаида, но дознава дека таа починала при пораѓање. Во тој момент, се стапислам и неможел да поверува дека неговата сакана повеќе ја нема.
Monday, January 1, 2018
Лектира бр. 7: "Галебот Џонатан Ливингстон"- Ричард Бах
Идеја: Сите имаме право на слобода без некој да ни пречи и без да повредиме некого.
"Она што не го сакаш за себе не го мисли на другиот"
Со оваа поговорка се мисли дека сите живи суштества имаат право на живот каков што сакаат и слобода, но треба да внимаваат да не повредат некого.
Секој има право да прави што сака, меѓутоа треба да внимава да не повреди никого правејќи го тоа.
Во животот човекот се сретнува со разни ситуации во кои не смее да ги заборави границите на пристојното однесување.
Секој од нас се труди животот да си го направи посреќен, подобар и не е лошо ако сме во можност да помогнеме и на другите луѓе во тоа.
Кога се чувствуваме слободни, без ничиј притисок, можеме повеќе да создаваме, твориме, да ги исполнуваме своите обврски и желби како што треба.
Friday, December 22, 2017
Рaзвoј нa дејствoтo ("Бескрaјнa прикaзнa"- Михaил Енде)
1. Експозиција
-Сцена
а)Време: 20-тиот век
б)Место: Реалниот свет и светот Фантазија
-Ликови
а)Главен лик: Бастиен Балтазар Букс е учтиво момче кое сака да чита книги и да проучува многу работи.
-Расположение: Возбудено
2. Заплет
-Судир: Детската Кралица се разболува. Единствен лек е да и се смени името.
-Расположение: Бастиен и Атреј се загрижени за состојбата на Кралицата
3. Кулминација
-Врв на чувствата: Во еден дел Бастиен и Атреј можат да се допрат, да се видат,... Тие се наоѓаат во ист свет.
4. Пресврт (перипетрија)
-Неочекуван настан: Бастиен и Атреј се здружуваат за да и најдат лек на Кралицата и за да го спасат светот Фантазија.
5. Расплет
-Разрешување: Лошото Ништо е поразено и најдено е ново име за Кралицата- Месечево Дете (Moon Child) и светот Фантазија е спасен.
Subscribe to:
Comments (Atom)